
Мејсон Маунт ќе го пропушти следниот натпревар на Манчестер Јунајтед во Премиер – лигата против Нотингем Форест поради повреда, потврдија од англискиот клуб.
24-годишниот играч за врска ќе биде надвор од терените до репрезентативната пауза во септември. Англискиот репрезентативец беше стартер во првите два меча на „црвените ѓаволи“ во новата сезона.
„Мал проблем со повреда на мускулот ќе го оддалечи од теренот“, се вели во соопштението на 20-кратниот шампион на Англија.
Манчестер Јунајтед има три бода од двата одиграни натпревари досега. Паузата за натпреварите на репрезентациите е во периодот од 4 до 12 септември. На третиот ден од следниот месец, тимот од Манчестер гостува кај вицешампионот Арсенал.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика

Млади репрезентации
Македонија У17 поразена од Кипар
