
Антоан Гризман останал шокиран од одлуката на селекторот Дидие Дешамп, Килијан Мбапе да биде нов капитен на француската репрезентација. Напаѓачот на Атлетико се надеваше дека улогата што ја има во соблекувалната и огромните трофеи ќе му ја донесат капитенската лента, но се покажа поинаку. Француските медиуми пишуваа и дека тој ќе ја преиспита својата одлука да продолжи да настапува за националниот тим.
Од активните играчи само Оливие Жиру, кој е четири години повозрасен, има повеќе настапи за Франција од Гризман. Жиру има 120, три повеќе од неговиот 32-годишен соиграч.
Неколку дена подоцна, пред натпреварот меѓу Франција и Холандија во квалификациите за Европското првенство, ситуацијата се смири.
„Л’Екип“ пишува дека Мбапе го повикал Гризман на разговор по одлуката да го наследи Хуго Лорис со капитенската лента. Му рекол на Гризман дека го разбира неговото разочарување и му порачал дека смета на него како еден од најважните играчи на Франција на претстојните натпревари. Тој потенцирал дека Гризман секако ќе биде лидер и без лента околу раката. Средбата завршила со насмевки, во интерес на репрезентацијата на Франција.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Интер си пронајде нов напаѓач на „Олд Трафорд“
