Францускиот фудбалски репрезентативец Килијан Мбапе денеска не тренираше со тимот во Доха, четири дена пред четвртфиналниот натпревар на Светското првенство против Англија.
Францускиот селектор изјави дека 23-годишниот напаѓач работел во сала за опоравување и дека тоа е класична ситуација два дена по последниот натпревар.

Мбапе го одигра целиот натпревар против Полска, кој во неделата траеше околу 100 минути.
„Триколорите“ победија со 3-1, а Мбапе беше двоен стрелец на тој меч од осминафиналето на турнирот во Катар.
Француските фудбалери во понеделникот имаа слободен ден. Актуелниот светски шампион Франција во сабота од 20 часот ќе игра против Англија во четвртфиналето на Светското првенство во Катар.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Интернационалци
Дориев стрелец и асистент во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)













