Килијан Мбапе беше апсолутен херој на вчерашниот ден со два гола и асистенција во победата на Франција против Полска од 3-1. Иако во декември ќе наполни 24 години, Мбапе веќе го зацврсти статусот на легенда на Светското првенство.
Со девет гола на мундијалите веќе ги надмина Диего Марадона и Кристијано Роналдо, а се израмни со Лео Меси. Ниту еден играч пред него немал постигнато толку голови на Светско првенство пред 24-годишна возраст.
Тој е и најмладиот фудбалер по големиот Пеле со пет гола во нокаут фазата на Светското првенство. Моментно е прв стрелец на турнирот со пет гола, а доколку Французите ја минат следната пречка, Англичаните, ќе има голема шанса да се закити и со „Златната копачка“.
Во сенка го остави дури и Оливие Жиру, кој во неделата стана нов рекордер по бројот на голови во дресот на Франција.
Мбапе е на седмото место на таа листа со 33 гола, што е само 19 помалку од Жиру.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Интернационалци
Дориев стрелец и асистент во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)













