
Килијан Мбапе дефинитивно стана клучен играч за Реал Мадрид, иако дојде на „бесплатен трансфер“ кај „кралевите“ од редовите на ПСЖ. Сепак, далеку од тоа дека Реал не плати за неговото доааѓње.
Новинарот Маркал Љоренте тврди дека Мбапе добил огромен бонус од 117 милиони евра за потпис на договорот, што значително ја зголемило неговата заработка. Иако износот за бонусот беше демантиран, излезе друга верзија од новинарот Нуну Антон според која Мбапе ќе ги добива овие бонуси низ неколку години.
Покрај тоа, Мбапе има годишна плата од околу 30 милиони евра, а неговите приходи од бонуси дополнително ја зголемуваат неговата вкупна заработка. Во ПСЖ заработуваше повеќе од 50 милиони евра, а сега и во Мадрид изгледа дека не пропушта ниту една прилика за остварување високи приходи, истовремено уживајќи во одличните игри на теренот.
Мбапе ја започна сезоната со малку побавен темпо, но од натпревар до натпревар стануваше се подобар, со 27 голови и четири асистенции во 40 натпревари.
Очекувањата се дека во следните години ќе стане клучна фигура во нападот заедно со Винисиус Жуниор, водејќи го Реал во нова ера.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
