Масар Омерагиќ денеска официјално ќе ја преземе претседателската функција на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Поранешниот фудбалер на Слога Југомагнат, Балкан и на Вардар, како и освојувач на шампионски трофеи, е истакнат бизнисмен и фудбалски работник по завршувањето на својата играчка кариера.
На Вонредното собрание на ФФМ денеска во хотелот „Хилтон“ во Скопје ќе биде констатирана оставката на Муамед Сејдини, а Масар Омерагиќ треба да биде избран како седми претседател на ФФМ од нејзиното самостојно функционирање во 1992 година.
По повлекувањето на претходниот претседател Муамед Сејдини, Масар Омерагиќ е единствен кандидат, предложен од Општинскиот фудбалски сојуз на Свети Николе. Неговиот избор доби широка поддршка од општинските фудбалски сојузи. Неговиот мандат ќе трае до Редовното изборно собрание, кога се очекува да добие четиригодишен мандат.
Поддршка на Масар Омерагиќ му дадоа големи имиња на македонскиот фудбал, Горан Пандев, Агим Ибраими, Ѓорѓи Христов, Гоце Седлоски, и многу други, кои се очекува да бидат вклучени и во структурите на федерацијата во иднина.
Во историјата на ФФМ, Масар Омерагиќ ќе биде седмиот претседател, после Алексо Кипровски (1992-1993), Љубисав Иванов – Ѕинго (1993-1999), Ламбе Арнаудов (1999-2002), Харалампие Хаџи-Ристески (2002-2012), Илчо Ѓорѓиоски (2012-2018), Муамед Сејдини (2018-2024).
Масар Омерагиќ претходно беше активен во Управниот одбор на ФФМ (2002-2006), но го напушти поради несогласувања со начинот на управување на македонскиот фудбал. Сега, тој ќе има можност да го води македонскиот фудбал како прв човек на федерацијата и да ги наметне своите идеи за развој.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal