
Португалија ја покажа својата класа со пет гола во второто полувреме против Полска (5-1) и се пласира во четвртфиналето на Лигата на нациите. Селекторот на „морепловците“, Роберто Мартинез, го пофали тимот, иако беше критичен за играта во првото полувреме.
„Беше натпревар што можеме да го поделиме на два дела. Пред паузата не игравме добро, губевме концентрација и правевме грешки во едноставни ситуации. Второто полувреме, сепак, беше едно од најдобрите што сум ги видел“, изјави Мартинез.
„Не е лесно да победуваш секој натпревар и да постигнеш пет гола. Беше посебно да ги израдуваме нашите навивачи. Витиња беше одличен. Разликата меѓу тимовите не се гледа само во еден натпревар“, додаде селекторот на Португалија.
„Го променивме нашиот менталитет и се фокусиравме на поголем интензитет. Не им дозволивме на Полјаците да направат речиси ништо“, рече Роберто Мартинез.
Тој ослободи дел од ѕвездите за последниот меч против Хрватска. Во составот на Португалците нема да бидат Кристијано Роналдо, Педро Нето, Бернардо Силва и Бруно Фернандеш.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика

Млади репрезентации
Македонија У17 поразена од Кипар
