Connect with us

Марковски: Против Брегалница да ја прославиме првата победа во елитата

Новиот прволигаш Скопје имаше успешен старт во елитната конкуренција откако одигра 1-1 на гости против Ренова во првото коло. Сега тимот на Љупчо Марковски игра дома во Автокоманда, а противник е Брегалница. Тој верува дека неговите избраници со помош на фановите можат да стигнат до првиот триумф во елитата.

„Очекувам потврда на успешниот старт, на добрата игра во првото коло. Ова е можност моите фудбалери во првиот натпревар на Автокоманда да покажат дека ќе бидат екипа која ке претставува сериозен противник за секого во прволигашкото друштво. Натпреварот со Брегалница е многу важен, очекуваме победа, фудбалерите се подготвени и заедно со поддршката од „Пирарите“ се надеваме дека денеска ќе ја прославиме првата победа на Автокоманда“, вели тренерот на Скопје, Љупчо Марковски.

Во Тетово се игра градското дерби меѓу Шкендија и Ренова, Шкупи во Маџари ја пречекува Македонија ЃП, а вои Велес ќе играат Борец и Тиквеш. Струга Трим Лум ќе го нагости Пелистер, а во Струмица во вечерен термин се среќаваат Академија Пандев и Работнички.

ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, ВТОРО КОЛО (17 Ч.)

ТЕТОВО: ШКЕНДИЈА – РЕНОВА

МАЏАРИ: ШКУПИ – МАКЕДОНИЈА ЃП

АВТОКОМАНДА: СКОПЈЕ – БРЕГАЛНИЦА

СТРУГА: СТРУГА ТЛ – ПЕЛИСТЕР

ВЕЛЕС: БОРЕЦ – ТИКВЕШ

СТРУМИЦА: АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – РАБОТНИЧКИ (20 Ч.)

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови