
Јован Манев беше дел од двата натпревари кои Македонија ги одигра против Италија и Малта.Го постигна првиот гол во репрезентативната кариера против Малта.
„ Мислам дека максимално одговоривме на задачите од селекторот и затоа успеавме да извлечеме поволни резултати. Не треба да застанеме тука, се надевам дека и во следниот циклус ќе бидеме успешни. Сега треба да се одмориме, па да се фокусираме на клупските обврски. Благодарен сум што бев дел од репрезентацијата и мислам дека и во иднина ќе продолжиме со добрите резултати. Треба да размислуваме позитивно. Ќе имаме тежок меч со Украина, но со позитивни мисли, можеме да дојдеме до нов успех. Сите заедно како тим може да направиме големи нешта. Натпреварот со Малта беше очекувано тежок. Фала Богу што рано поведовме, тоа беше добар импулс. Во второто полувреме бевме малку „полежерни“, но навреме сфативме дека мора да се фокусираме и одигравме квалитетно до самиот крај. Трите бода беа главна цел и драго ми е што успеавме да ги освоиме“, изјави Манев.
Македонија следниот меч ќе го одигра против Украина, од која на несреќен начин загубивме во Скопје. Дуелот ќе се одигра на 14 октомври во Прага.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика

Млади репрезентации
Македонија У17 поразена од Кипар
