Connect with us

Манџукиќ се враќа во хрватската репрезентација

Поранешниот хрватски фудбалер Марио Манџукиќ не чекаше долго на нова работа по завршувањето на својата играчка кариера. Тој ќе стане дел од стручниот штаб на хрватскиот селектор Златко Далиќ, по пласманот на Светското првенство во Катар. Пред тоа „коцкестите“ ќе играат и во Лигата на нации.


Како фудбалер, Манџукиќ за Хрватска одигра 89 натпревари и постигна 33 гола во дресот на Хрватска. Учествуваше во историскиот резултат во 2018 година, кога Хрватска се пласираше во финалето на Светското првенство во Русија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови