Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, откри дека Нејтан Аке ќе отсуствува подолг период поради повреда. Дефанзивецот започна како стартер во вчерашниот натпревар против Плимут во петтото коло од ФА Купот, но беше заменет на полувремето.
„Повторно изгубивме централен дефанзивец на подолг период. Нејтан сигурно многу ќе ни недостига. Затоа сум многу благодарен на клубот што во зимскиот преоден рок ги донесе Хусанов и Витор Реис. Без нив немавме шанси ниту да се пласираме во Лигата на шампионите следната сезона, ниту да се бориме за трофејот во ФА Купот. Тоа ќе беше невозможно, бидејќи ќе останевме само со Рубен Дијаш“, изјави Гвардиола.
„Граѓаните“ веќе не можат да сметаат ниту на централните дефанзивци Џон Стоунс и Мануел Аканџи, кои се надвор од терените поради повреди.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Интернационалци
Дориев стрелец и асистент во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)













