
Манчестер Јунајтед можеби не игра најдобро во последниот период во Премиер – лигата, но успеа да остане непоразен кај лидерот Челси (1-1) во дербито на „Стемфорд бриџ“. Иако лондонските „сини“ беа подобар ривал, сепак, не успеаја да стигнат до три бода.
Мајкл Карик го остави Кристијано Роналдо на клупата од самиот старт, а му даде шанса на Џејдон Санчо. И тој му возврати со гол за водство во 50.минута. Успеа да ја искористи грешката во одбраната на Челси и го надмудри Едуард Менди.
Рудигер ја погоди гредата, а во 69.минута беше досуден пенал за Челси. Успешен реализатор беше Жоргињо израмнувајќи на 1-1.
Во финишот, Томас Тухел го уфрли во игра и опоравениот Ромелу Лукаку, претходно Кристијано Роналдо веќе го замени Санчо, но, остана реми на „Стемфорд бриџ“.
Челси сега има еден бод предност пред Манчестер Сити на врвот на табелата во Премиер – лигата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Наполи се откажа од трансферот на Дарвин Нуњез

Евро-фудбал
Алегри го сака Серху Гираси во нападот на Милан

Интернационалци
Едиз Спахиу на радарот на Сиваспор

Евро-фудбал
Тер Штеген ја одби понудата на Монако
