Манчестер Јунајтед веќе работи на привлекување на првиот играч на Ајакс, кој може да го следи Ерик тен Хаг на „Олд Трафорд“. Станува збор за 20-годишниот дефанзивец Јуриен Тимбер, кој е проценет на околу 35 милиони фунти.
Тој го претстави својот талент оваа сезона откако одигра 43 натпревари за холандскиот шампион, а неговата сестраност е еден од главните квалитети поради кои новиот менаџер на Јунајтед да сака да продолжи да работи со него.
Тимбер може да игра и како централен дефанзивец и како десен бек.
Тимбер не е единствената трансферна цел од Ајакс за Манчестер Јунајтед. Тен Хаг ќе се обиде да го земе и неговиот партнер во одбраната Лисандро Мартинез. Цената на Аргентинецот е околу 25 милиони фунти.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Интернационалци
Дориев стрелец и асистент во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)













