Деклан Рајс е заинтересиран за можна летна преселба во Манчестер Јунајтед, известуваат англиските медиуми. Се вели дека фудбалерот дури разговарал со своите соиграчи од англиската репрезентација, Хари Мегваер и Лук Шо за животот во Манчестер за време на репрезентативната пауза минатиот месец.
Поради тоа, наводно, Јунајтед е фаворит за играчот од средниот ред, откако Челси се откажа од интересот за негов потпис. „Црвените ѓаволи“ го следат развојот на Деклан Рајс во веќе две години и скаутите веруваат дека тој може да прерасне во во еден од најдобрите фудбалери на својата позиција.
Сепак, Вест Хем Јунајтед го проценува Рајс на повеќе од 100 милиони фунти, а Манчестер Јунајтед можеби ќе биде принуден да го искористи Џеси Лингард како дел од трансферот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Интернационалци
Дориев стрелец и асистент во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)













