
Раководството на Манчестер Јунајтед нема намера да организира голема прослава доколку клубот ја освои Лига Европа оваа сезона. Наместо традиционална парада со отворен автобус низ улиците на Манчестер, каква што обично се приредува по освојување на европски трофеи, клубот планира скромна церемонија во вид на скара-пикник на тренинг-центарот „Карингтон“.
Оваа одлука доаѓа како резултат на разочарувачката сезона на тимот, како и поради економските мерки за кратење на трошоците. Последен пат Манчестер Јунајтед организираше парада во 2013 година, по последната титула во Премиер – лигата под водство на легендарниот Сер Алекс Фергусон. Потоа, слични свечености не беа организирани ни по освојувањето на Лига Европа во 2017 година, ниту по победите во ФА Купот (2016 и 2024) и Лига Купот (2017 и 2023).
Во финалето на Лига Европа, кое ќе се одигра на 21 мај во Билбао, „црвените ѓаволи“ ќе се соочат со Тотенхем. Интересно е што Јунајтед нема победа над лондонскиот клуб во последните шест средби, а загуби во последните три.
Финансиските ограничувања влијаат и на други аспекти поврзани со финалето. Играчите ќе добијат само по два бесплатни билети, а ќе имаат можност да купат уште до десет. Сепак, патувањето и сместувањето на нивните семејства ќе треба сами да го организираат, бидејќи клубот нема да обезбеди логистичка поддршка, како што тоа го правеше во минатото. Вработените на „Олд Трафорд“ исто така нема да добијат билети за финалето.
🚨🚨🌕| NEW: Manchester United currently have no plans for an open-top bus parade if they win the #Europa League. They would instead have a more low-key celebratory barbecue at #Carrington . [@TimesSport]#mufc #ManchesterUnited pic.twitter.com/XoFrbSe6Yf
— MUNCOM (@Muncom254) May 12, 2025

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Кристијан Ериксен се сели во Бундес-лигата

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Мармуш неизвесен за дербито на Манчестер

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски го напушта Клуж и се сели во Херманштат

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” гол, го намачивме фаворитот во групата

Евро-фудбал
На „Маракана“ ечеше – „Пикси, оди си!“ (ВИДЕО)
