Connect with us

Манчестер Јунајтед го купува Осимен како наследник на Роналдо

Во Манчестер Јунајтед преовладува мислењето дека е неопходно да се ослободи од Кристијано Роналдо на крајот од сезоната. Чувството е обострано и Португалецот сака да си замине од „Олд Трафорд“, сака да замине во Париз, но сепак засега се е на ниво да го почувствува пулсот.


„Ѓаволите“ сакаат да го подмладат тимот, ќе му дадат време на новиот тренер, а дел од тоа е и заминувањето на Кристијано, како и заминувањето на Погба, кој не сака да го продолжи договорот. Кавани, Матиќ, Лингард, Мата исто така треба да го напуштат клубот…

Клубот веќе работи на замената за Роналдо, тоа е Виктор Осимен, фантастичниот нигериски напаѓач од Наполи. Под Везув ќе се обидат да одолеат со цената, Аурелиот де Лаурентис бара најмалку 90 милиони евра за него, со оглед дека вложи 70 милиони евра, плус бонуси купувајќи го од Лил.

Осимен сезонава постигна 11 гола на 22 меча и јасно е дека би сакал да се пресели на Островот. Во Наполи заработува 4,5 милиони евра, а на „Олд Трафорд“ сигурно бо добил двојно повеќе.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови