Струга е на седмо небо, има клуб кој ќе игра на европската сцена. Тимот на Срѓан Захариевски успеа во финишот на сезоната да го стори невозможното, ја надомести негативата во однос на Македонија ЃП и на крајот го освои посакуваното трето место.
Струга Трим Лум славеше минимален триумф (0-1) на гости против Силекс во Кратово добивајќи го клучниот меч за пласман на европска сцена. Еден од најдобрите поединци во составот на Струга ТЛ беше Клисман Цаке, кој од дефанзивец или дефанзивен играч за врска, се трансформираше во еден од најопасните фудбалери по голот на Силекс.
Со огромен радиус на движење, со нагласена желба да се оствари целта, Клисман Цаке ги влечеше кон напред и сите останати фудбалери од тимот, иако Струга ТЛ по 28.минута беше со играч помалку поради исклучувањето на Марјан Алтипармаковски.
Со настапот во Кратово, Клисман Цаке заслужи да биде избран за најдобар играч на 33.коло во Првата лига, во изборот на МАКФУДБАЛ.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Јувентус го претстави Спалети како нов тренер
Евро-фудбал
Маркус Турам се врати на тренинзите на Интер
Евро-фудбал
Баерн немаше проблеми во Купот на Германија
Евро-фудбал
Аталанта ремизираше и против Милан (ВИДЕО)













