Connect with us

МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА КОЛОТО: Дарко Тофилоски (Тиквеш)

Тиквеш по речиси две децении се врати во Првата лига и првиот меч го играше во неговиот роден град Прилеп, поради реновирање на соблекувалните на стадионот во Кавадарци. Искусниот Дарко Тофилоски застана на голот и не дозволи да се тресе неговата мрежа, иако за противник ја имаше навалната линија на актуелниот шампион Шкендија и „кралот на стрелците“, Бесарт Ибраими.

Но, Тофилоски бранеше одлично, имаше неколку сигурни интервенции, а неговото искуство влеа уште поголема самодоверба во тимот на Тиквеш. Со ваквиот настап, Дарко Тофилоски заслужи да биде избран за МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА КОЛОТО во Првата фудбалска лига.

Тој го предводи МАКФУДБАЛ ТИМОТ НА КОЛОТО

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови