
МАКФУДБАЛ.МК на Кипар,
Никола Ѓуровски
Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Ерменија со 1-0 на стадионот „ГСП“ во Никозија и остана на второто место во групата од Лигата Ц. Не ја исполни мисијата за пласман во Лига Б, а таму патува токму селекцијата на Ерменија која заврши како првопласирана на табелата со 11 бода. Поранешниот фудбалер на Вардар, Хофханес Хамбарџумјан, беше стрелец на победничкиот гол за Еремнците во 55.минута.
Македонија подобро го отвори натпреварот. Александар Трајковски имаше два обиди од слободен удар во првите дваесетина минути, но ерменскиот голман Давид Јурченко не дозволи да се тресе неговата мрежа. Кон голот на Македонија се закани Тигран Барсегјан, но и Дамјан Шишковски беше на висина на задачата. Кон крајот на првиот дел, уште еднаш се обид Трајковски од слободен удар, но не беше прецизен.
На стартот од второто полувреме убава шанса имаше Иван Тричковски, но неговиот шут од десетина метри заврши крај голот. И потоа казна за Македонија.
Хофханес Хамбарџумјан, поранешниот играч на Вардар, откако беше проигран по десната страна, се одлучи на удар од 15 метри, топката мина крај Шишковски кој му појде во пресрет да го скрати аголот, а не успеа пред гол-линијата да спаси и стоперскиот тандем Велковски – Муслиу. Ерменија поведе со 1-0 во 55.минута од мечот. Ривалот постигна погодок, а имаше едвај тројца фудбалери како закана кон нашиот гол.
Селекторот Игор Ангеловски направи неколку замени, ги уфрли во игра Мицевски и Дориев, како и Китановски на местото на Ристовски кој се пожали на повреда.
Во 79.минута, уште една грешка во одбраната на Македонија, Камо Хофханисјан излезе сам пред Шишковски, но нашиот голман успеа да спаси удвојување на водството бранејќи рефлексно со нога.
Македонија со преполовен состав, до крајот немаше напаѓачки капацитет и сили да стигне до израмнување и доживеа минимален пораз. Тоа ја остава во Лигата Ц и следниот циклус од ова натпреварување.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Втора лига
Полициската истрага се шири и во Башкими?

Евро-фудбал
Јувентус го враќа Виктор Осимен во Серија А

Евро-фудбал
Интер ќе го откупи Залевски од Рома

Евро-фудбал
Роналдо пред разделба со Ал-Наср?

Втора лига
Полициската истрага се шири и во Башкими?
