Connect with us

Македонија веќе нема да губи со двоцифрена разлика? УЕФА ќе го промени системот на квалификации

Европската фудбалска федерација (УЕФА) одлучи да го промени системот на квалификации за Светското првенство за жени. УЕФА на овој потег се одлучи по навистина нереалните резултати во претходниот период и поради големата разлика во квалитет меѓу репрезентациите.


Дури 29 натпревари завршија со седум или повеќе голови разлика во натпреварите одиграни од септември до ноември, а видовме и навистина нереални резултати.

Така, Англија ја совлада Летонија со 20-0, а Белгија ја победи Ерменија со 19-0. Не беше многу подобра и Македонија која загуби со 0-11 од Северна Ирска дома, и потоа со 9-0 на гости во Белфаст.

Тоа нема да се повтори, потврди шефицата на женскиот фудбал во УЕФА, Надин Кеслер.

„Знаеме дека апсолутно никој не сака да види вакви резултати“, рече Кеслер. „Ваквите работи не се добри за развојот на женскиот фудбал, ниту за малите ниту за големите земји. Ќе го промениме системот на квалификации од 2023 година“.

Се уште не е утврдено каков систем ќе се користи во иднина.

„Ги разгледуваме форматите на натпреварувањето кои беа претходно. Гледаме што беше добро, а што не, за да го најдеме најдоброто решение. Има бројни опции на маса со кои може да се намали разликата меѓу селекциите“, рече Кеслер.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови