Connect with us

Лука Јовиќ се сели во Ла Лига – Бетис е новата дестинација?

Српскиот напаѓач Лука Јовиќ е пред преселба во Шпанија, откако на крајот на месецов ќе му истече договорот со Милан и официјално ќе стане слободен агент.

Според најновите шпекулации од Италија, Јовиќ е блиску до договор со шпанскиот Бетис. „Зелено-белите“ се обидоа да го донесат уште во јануари, но тогаш напаѓачот реши да остане на „Сан Сиро“.

Иако интерес за него покажува и Монца, желбата на 26-годишниот српски репрезентативец е јасна – преселба во Ла Лига, каде веќе има искуство од својот претходен престој во Реал Мадрид.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови