
Фудбалската репрезентација на Уругвај освои бронзен медал на Копа Америка, откако синоќа по изведување на пенали ја победи Канада. По регуларниот дел од натпреварот беше 2-2, бидејќи Луис Суарез во последните моменти од натпреварот постигна гол за да обезбеди пенал серија во која и погоди во четвртата за победа.
Воедно, овој натпревар ќе се памети токму по „Ел Пистолеро”, кој го одигра својот последен официјален меч во дресот на Уругвај.
Уругвај подобро го отвори натпреварот и веќе во осмата минута Бентанкур ја искористи асистенцијата на Касерес за 0-1.
Но, Канаѓаните се вратија и израмнија откако во 22. минута Коне погоди по асистенција на Бомбит, а резултатот 1-1 остана активен и на полувремето.
Марсело Биелса веднаш на полувремето го внесе Луис Суарез на местото на Дарвин Нуњез, а „Пистолеро” до крајот стана херој на натпреварот.
Сепак, голови немаше до 80. минута, а потоа Џонатан Дејвид ги шокираше Уругвајците за 2-1.
Уругвај во финишот тргна на сѐ или ништо, а во втората минута од дополнителното време по убава акција по десната страна, Хименез го проигра Суарез кој во свој стил ја испрати топката под пречка за 2-2 и пенал – серија.
Во пенал – серијата, сите четворица Уругвајци погодија – Валверде, Бентанкур, Де Араскаета и потоа Луис Суарез, додека за Канаѓаните во третата серија промаши Коне, а во последната петта и Дејвид.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Јуве го претстави Лоис Опенда

Евро-фудбал
Њукасл замената за Исак ја доведе од Брентфорд
