
Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Oсман Дембеле, е целосно подготвен за вечерашниот реванш од полуфиналето во Лигата на шампионите против Арсенал. Ова го потврди тренерот Луис Енрике.
„Осман тренира со полн интензитет во последните два дена. Подготвен е целосно и ќе биде на располагање“, изјави шпанскиот стратег.
ПСЖ има минимална предност од 1-0 по првиот натпревар во Лондон, а реваншот ќе се одигра вечерва со почеток од 21 часот на стадионот „Паркот на принцовите“ во Париз. Судија на мечот ќе биде Германецот Феликс Цвајер.
Тимот веќе ја обезбеди титулата во Лига 1 и сега целта е јасна – прва титула во Лигата на шампионите, трофеј што сè уште недостасува во клупската витрина.
Единственото финалe за ПСЖ беше во 2020 година кога загубија од Баерн Минхен, додека Арсенал беше финалист во 2006 година, кога загуби од Барселона – токму во Париз.
„Овде сме затоа што го заслужуваме тоа. Целта ни е да го добиеме и вториот натпревар. Оваа втора сезона под мое водство е време на вистински фудбалски развој, но и време кога стекнуваме самодоверба. Планираме постојано да напредуваме, чекор по чекор, и да бидеме подобри од лани“, нагласи Луис Енрике.
Тој предупреди дека, иако многумина очекуваат сличен натпревар како оној во Лондон, ПСЖ ќе понуди поинаков пристап.
„Ќе треба да бидеме добри како и минатата недела. Но, ви гарантирам дека натпреварот нема да биде ист – ќе биде сосема различен“, заклучи Луис Енрике.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)
