Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, беше разочаран што тимот загуби на гостувањето кај Милан во Лигата на шампионите. Парижаните загубија со 2-1 на „Сан Сиро“ и паднаа на второто место во групата Ф, зад Борусија Дортмунд.
„Стана тензичен натпревар кој можеше на кој било начин да заврши. Прво постигнавме гол, но потоа не можевме да ја контролираме играта. Милан играше многу добро во нападот. Тие се силен тим и технички и физички. Многу паметно ги искористија слободните зони. Имавме и шанси, но ги пропуштивме“, прокоментира Луис Енрике.
„Остануваат уште два натпревари и од нас зависи дали ќе продолжиме понатаму. Ова е „групата на смртта“, не случајно ја именуваа така. Сите тимови ја држат својата судбина во свои раце. Следниот натпревар станува исклучително важен“, изјави Луис Енрике.
ПСЖ на 28 ноември ќе го пречека Њукасл со амбиција да се реваншира за поразот од „чавките“ со 1-4 на стартот од групната фаза.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Интернационалци
Давид Тошевски со дебитантски гол за Дендер во Белгија (ВИДЕО)













