Баерн Минхен е на чекор од официјално да го претстави Луис Дијас како свое ново засилување. Tрансферот е практично завршен, 28-годишниот крилен напаѓач на Ливерпул денес ќе отпатува за Минхен, иако моментално се наоѓа во Токио на претсезонските подготовки со „црвените“. Тој веќе добил дозвола да го напушти кампот и се очекува да пристигне попладнево во Минхен.
Договорот меѓу двата клуба е постигнат: Баерн ќе плати 70 милиони евра плус дополнителни 5 милиони преку можни бонуси. Ако сè помине според планот, Дијаз утре ќе ги заврши задолжителните медицински прегледи, по што ќе стави потпис на четиригодишен договор. Според информациите, неговата годишна бруто-плата ќе изнесува околу 14 милиони евра.
Во меѓувреме, Ливерпул веќе работи на замена за Луис Дијаз. Прва цел е напаѓачот на Њукасл, Александер Исак, а клубот планира да финансира дел од трансферот со продажба на Дарвин Нуњез и Федерико Киеза.
Баерн, пак, не застанува со засилувањата. Баварците внимателно го следат младиот Ник Волтемаде од Штутгарт и ја мониторираат ситуацијата со Чави Симонс од Лајпциг, иако офанзивниот играч за врска моментално е поблиску до трансфер во Челси.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Аталанта ремизираше и против Милан (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Баерн немаше проблеми во Купот на Германија













