
Ливерпул направи последен обид да го убеди Трент Александер-Арнолд да остане на „Енфилд“ и да ја одбие можноста за трансфер во Реал Мадрид, пренесуваат шпанските медиуми.
Тимот на Арне Слот е во одлична форма во Премиер – лигата оваа сезона и му недостасува само уште една победа за да ја обезбеди 20. титула во својата историја. По последното коло, Арсенал има 13 бода заостанување зад „црвените“, откако Ливерпул го совлада Лестер со 0-1, а „топчиите“ славеа со 4-0 против Ипсвич.
Со приближувањето на крајот на сезоната, клубот го насочува вниманието кон иднината – вклучувајќи го и продолжувањето на договорите со клучните играчи. Мохамед Салах и Вирџил ван Дајк веќе потпишаа нови договори, но ситуацијата околу Александер-Арнолд останува нејасна.
Во последните месеци се појавија информации дека англискиот репрезентативец ги договорил личните услови со Реал Мадрид и дека летово ќе се пресели на „Бернабеу“.
Сепак, Ливерпул испратил последна понуда во обид да го задржи. Но, оваа понуда можеби доаѓа предоцна, затоа што околината на играчот смета дека неговата одлука е конечна.
Желбата за нов предизвик во Ла Лига и можноста да биде дел од проектот на Реал Мадрид изгледа премногу привлечна за 25-годишниот дефанзивец.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика

Млади репрезентации
Македонија У17 поразена од Кипар
