
Ливерпул има зголемен интерес за крилниот напаѓач на Вилјареал, Арнаут Данџума. 25-годишниот Холанѓанец има одлична сезона за „жолтата подморница“, а тоа го воочија скаутите на клубот од „Енфилд“ кои будно ги следат неговите настапи и силно го препорачале за трансфер на лето.
Данџума има 14 гола и пет асистенции во досегашните 29 одиграни натпревари за Вилјареал во сите натпреварувања. За него е заинтересиран и Манчестер Јунајтед, но Јирген Клоп сака клубот да реагира брзо и да го доведе на „Енфилд“.
Во Вилјареал се свесни дека ќе биде тешко да го задржат брзоногиот крилен напаѓач, па клубот ќе се обиде да земе што повеќе пари од неговата продажба. Шпанците нема да разгледуваат понуди под 60 милиони евра.
Данџума има искуство во Англија, каде играше за Борнмут од 2019 до 2021 година. За овој тим постигна 17 гола и имаше осум асистенции на 52 натпревари, пред да се пресели во Вилјареал за 23,5 милиони евра.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Милан тргнува по потписот на Душан Влаховиќ

Прва лига
Тиквеш се засили со Турчинот Толга Јакут

Евро-фудбал
Наполи ќе му го „украде“ Лукман на Интер?

Евро-фудбал
Мурињо го сака Чалханоглу во Фенербахче

Македонија Ѓорче Петров
Македонија ЃП ја засили одбраната со Србинот Алекса Јовановиќ

Евро-фудбал
Мурињо се враќа во Португалија?

Евро-фудбал
Џејдон Санчо во Јуве, тоа е веќе завршена работа
