Connect with us

Ливерпул се вклучува во трката за Каиседо

Англискиот премиерлигаш Ливерпул сериозно размислува да се вклучи во трката за потпис на играчот од средниот ред на Брајтон, Мојсес Каиседо, пренесуваат медиумите на Островот.


21-годишниот Еквадорец беше блиску до трансфер во Челси и се очекуваше да се пресели кај „сините“ од Лондон. Во Ливерпул, пак, ситуацијата може наеднаш да се промени откако стана јасно дека Џордан Хендерсон и Фабињо многу веројатно ќе заминат во Саудиска Арабија.

Трансферите на двајцата ќе ги ограничат опциите за средниот ред на „црвените“ и токму поради оваа причина клубот размислува да го доведе Каиседо.

Сепак, зделката нема да биде лесна, бидејќи Брајтон сака 100 милиони фунти за својот играч и се чини дека немаат голема желба да отстапат од оваа цена.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови