 
																												
														
														
													Баерн Минхен официјално испрати понуда за ангажман на Луис Дијаз од Ливерпул. Колумбискиот крилен напаѓач е идентификуван како приоритетна трансферна цел за баварскиот гигант.
Понудата изнесувала 67,5 милиони евра (58,6 милиони фунти), но веднаш била одбиена од новиот шампион на Премиер – лигата, објави „Атлетик“.
Ливерпул го вреднува Дијаз на над 100 милиони евра, иако според извори оваа сума е повеќе „сметководствена“ проценка, отколку реална подготвеност за продажба. Засега ставот на клубот останува дека нема намера да го продава.
Поранешниот фудбалер на Порто влегува во последните 24 месеци од договорот со „црвените“, а до овој момент нема индикации за продолжување на соработката. Самиот Дијаз наводно јасно му ставил до знаење на клубот дека сака да си замине.
Сепак, Ливерпул сè уште го гледа Дијаз како клучен играч во своите планови за следната сезона и понатаму – став кој бил јасно пренесен и на Баерн, Барселона и другите заинтересирани клубови.
Дијаз пристигна на „Енфилд“ од Порто во јануари 2022 година за почетна сума од 37,5 милиони фунти, а трансферот може да достигне до 50 милиони со бонуси.
Досега има одиграно 148 натпревари за Ливерпул, при што постигна 41 гол и додаде 23 асистенции во сите натпреварувања.
Во шампионската сезона 2024/25, под водство на Арне Слот, Луис Дијаз одигра клучна улога, постигнувајќи 13 гола во 36 првенствени натпревари.
 
												
																					- 
															
								    МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГАВардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со... Автор makfudbal
- 
															
								    МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст... Автор makfudbal
 
																					Евро-фудбал
Марк Гехи е пред трансфер во Реал Мадрид
 
																					Евро-фудбал
Јувентус го претстави Спалети како нов тренер
 
																					Евро-фудбал
Баерн немаше проблеми во Купот на Германија
 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							













 
														 
														 
														