Силекс со двете победи по ред над Тиквеш и над Пелистер, полека излезе од кризата која претходно го зафати тимот, и која траеше три меча. Кратовскиот тим сега оди на мегдан со Вардар, во битка за врвот на табелата.
Силекс посакува продолжување на позитивната серија и против Вардар, а тренерот на тимот Александар Васоски вели дека за такво нешто ќе мора сите да се надминат себе си на ова гостување.
„Ние на овој натпревар влегуваме во позитивна серија, исто и Вардар, и очекувам да биде интересен и квалитетен натпревар. Се враќа старото дерби, двата тима сега се во борба за врвот. Добро се познаваме меѓусебно. И Силекс и Вардар имаат квалитет, и заслужено се во горниот дел на табелата. Очекуваме тежок натпревар, во кој мораме да се надминеме себе си за позитивен резултат. Психолошки и физички сме подготвени за овој предизвик, и сметам дека ако бидеме на нивото и ако имаме добар ден, можеме да го изненадиме Вардар“, изјави тренерот Васоски.
Натпреварот меѓу Вардар и Силекс ќе се одигра на Арената „Тодор Проески“ со почеток во 17 часот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Интернационалци
Милан Ристовски стрелец за Бохемијанс во Чешка (ВИДЕО)
Интернационалци
Нов гол на Растодер, нов триумф за Тун
Евро-фудбал
Кенан Јилдиз потпиша за Јувентус до 2030 година
Евро-фудбал
Хојлунд од пенал донесе триумф за Наполи













