Крилниот играч на Барселона, Ламин Јамал, и понатаму чувствува непријатност во пределот на препоните, но клубот засега нема планови да го подложи на операција, објави каталонски „Спорт“.
Според изворот, фудбалерот и медицинскиот тим на Барселона одлучиле да се откажат од хируршка интервенција, иако проблемот сè уште не е целосно решен.
„Доколку непријатноста продолжи и во следните недели, опцијата за операција ќе биде повторно разгледана од страна на Ламин, неговото опкружување и клубот“, истакнал изворот.
Исто така, се наведува дека играчот побарал и надворешни консултации за да се процени можната корист од операцијата. Засега е донесена одлука таа да се одложи, а Ламин ќе продолжи да игра и покрај непријатноста.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар направи клучен чекор кон титулата, откако Шкендија се сопна и во Кратово. Брера...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Вардар со една рака веќе го држи шампионскиот трофеј откако во 30.коло го победи...
Автор makfudbal













