
Англискиот првак Ливерпул официјално го објави ангажманот на левиот бек Милош Керкез од Борнмут. Клубот од Мерсисајд ќе плати 40 милиони фунти за неговите услуги. Со тоа, 21-годишниот унгарски репрезентативец стана четврто ново засилување на „црвените“ ова лето, по Џереми Фримпонг и Флоријан Вирц од Баер Леверкузен, како и младиот голман и негов сонародник Армин Печи.
„Навистина сум среќен. За мене е огромна чест и привилегија да играм за најголемиот клуб во Англија и еден од најголемите во светот. Едноставно сум возбуден и со нетрпение чекам да започнам“, изјави Керкез за клупскиот сајт.
„Сега ќе се вратам дома неколку дена во мојот роден град, а потоа ќе се вратам за да ја облечам тренинг опремата и да започнам со подготовки за новата сезона“, додаде Унгарецот.
21-годишниот дефанзивец одигра 74 натпревари за Борнмут во сите натпреварувања, постигнувајќи два гола и асистирајќи за уште осум. Пред да дојде во Англија, неговата кариера го водеше низ унгарскиот Ѓер, италијанскиот Милан (2021) и холандскиот АЗ Алкмар, каде што запиша 57 настапи во текот на сезона и пол.
Welcome, Milos 😊 pic.twitter.com/0OFeCoFmHB
— Liverpool FC (@LFC) June 26, 2025
Керкез има 23 настапи за унгарската репрезентација, дебитирајќи против Германија во Лигата на нации во септември 2022 година. Една година подоцна, беше меѓу финалистите за наградата „Златното момче“, која се доделува на најдобрите млади фудбалери во Европа под 21 година, а за сезоната 2024/2025 беше номиниран за наградата на ПФА „Млад играч на годината“.
Керкез станува трет Унгарец во Ливерпул по Доминик Шобошлаи и 20-годишниот голман Армин Печи, кој исто така ова лето пристигна од Академија Пушкаш.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи доведе голман од Германија

Евро-фудбал
Мората пред трансфер во Комо

Евро-фудбал
Ливерпул се вклучува во трката за Ѓокереш

Евро-фудбал
Мбапе нема да игра и против Салцбург

Прва лига
Младиот Адонис Милај го засили Шкупи

Прва лига
И Шкупи „мрдна“, го доведе Емре Кадри

Евро-фудбал
Ливерпул тргнува по потписот на Александер Исак

Евро-фудбал
Милан го договори Самуеле Ричи
