Ајнтрахт Франкфурт и Глазгов Ренџерс вечерва ги очекува возбудливо финале во Лига Европа. Големата пресметка е закажана од 21 часот на стадионот „Рамон Санчез Пижуан“ во Севилја.
Двата тима се подготвени и мотивирани да ја зграпчат својата шанса, бидејќи никогаш во својата историја не победиле во престижното натпреварување.
Ајнтрахт го освои Купот на УЕФА во 1980 година, додека Глазгов Ренџерс го крена трофејот на турнирот КНК во 1972 година.
Влогот за двата тима е огромен, бидејќи победникот ќе добие право на учество во групите од Лигата на шампионите и пристап до поголем дел од европскиот колач што го дели УЕФА. Тоа значи за победникот се загарантирани 15 милиони евра.
Успехот би бил многу важен за германскиот тим, бидејќи на тимот не му оди најдобро во Бундес – лигата, откако заврши само на 11. место во германскиот шампионат и нема други шанси за излез во Европа освен да го освои трофејот вечерва.
Шкотите во исто време завршија втори во својата татковина и во најлош случај ќе играат во третото квалификациско коло од Лигата на шампионите.
Во текот на сезоната во Лига Европа, Ајнтрахт Франкфурт имаше забележителен ефект, не загуби ниту еден натпревар. За многумина од играчите овој натпревар ќе биде еден од најважните во кариерата.
Во исто време, Глазгов Ренџерс се уверени дека трофејот ќе пристигне во нивните клупски витрини. Шкотите веќе елиминираа два германски тима на патот до финалето, Борусија Дортмунд и Лајпциг, и се надеваат на трет скапоцен скалп.
Тренерот на германскиот тим Оливер Гласнер нема проблеми со повредени играчи, но поради казни надвор од тимот се Диант Рамаи и Мартин Хинтегергер.
Проблеми со повреди има и неговиот колега на кормилото на Глазгов Ренџерс, Џовани Ван Бронкхорст, а главоболки му создаваат Јанис Хаџи, Филип Хеландер и Алфредо Морелос. Неизвесен е и настапот на Рајан Џек.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski