Искусниот лев бек Леонард Жута (33) има нов предизвик во кариерата – ќе настапува за хрватскиот прволигаш Славен Белупо, каде што ќе го дели соблекувалната со македонскиот напаѓач Илија Несторовски.
Тимот од Копривница попладнево го претстави како ново засилување, откако Жута пристигна од редовите на Шибеник.
Македонската јавност добро го памети, бидејќи во периодот кога беше дел од нашата најдобра репрезентација запиша 15 настапи во националниот дрес.
Неговата кариера го водеше низ повеќе европски клубови – шведски Хакен и Бромапојкарна, хрватска Ријека, турски Коњаспор, италијански Лече, норвешка Валеренга, а последна станица пред Славен Белупо му беше Шибеник.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Јирген Клинсман ќе биде нов селектор на Чешка?













