
Легедарниот бразилски фудбалер Пеле (80) е во стабилна состојба откако синоќа поради проблеми со дишењето е вратен на одделот за интензивна нега, објави болницата во Сао Паоло, каде се опоравува од операцијата за отстранување на тумор на дебелото црево.
Пеле беше опериран претходно овој месец и беше на одделот за интензивна нега до вторникот, од каде потоа беше пуштен на домашно лекување. Но, загриженоста за здравјето на трикратниот светски шампион и најдобриот фудбалер на сите времиња се зголеми откако бразилските медиуми во петокот објавија дека е вратен на интензивна нега.
Болницата „Алберт Ајнштајн“, каде што се наоѓа Пеле, издаде соопштение во кое се наведува дека станува збор само за „кратка респираторна нестабилност“ и дека трансферот на интензивна нега е само „превентивна мерка“.
Откако неговата состојба се стабилизира, Пеле беше вратен на одделот за полуинтензивна нега и неговата кардиоваскуларна состојба е стабилна.
Ќерката на Пеле, Кели Насименто, исто така испрати смирувачки пораки преку Инстаграм, пишувајќи дека нејзиниот татко добро се опоравува.
„Нормалниот тек на опоравување за некој на негова возраст е два чекори напред, еден чекор назад“, истакна Кели Насименто.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski