Килијан Мбапе ја донел одлуката за својата иднина и ќе потпише за Реал Мадрид, објави францускиот весник „Ле Паризиен“.
Мбапе во најтрофејниот клуб во Европа ќе пристигне како слободен играч бидејќи договорот со парижаните му истекува на крајот од сезоната. Во ПСЖ е од 2018 година, кога парискиот клуб му плати 180 милиони евра на Монако.
Мбапе за ПСЖ одигра 288 натпревари, постигна 241 гол и забележа 105 асистенции. Шестпати беше шампион на Франција, но не успеа да ја освои Лигата на шампионите.
Наводно, Мбапе ќе има плата од 15 милиони евра годишно во Реал, но ќе има и 60 отсто од своите авторски права, што е преседан бидејќи Реал никогаш никому не му го дозволил тоа.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ гостува кај омилената жртва
Евро-фудбал
Модриќ: Милан мора да победува ривали како Пиза













