
Хрватскиот првак Динамо Загреб со пораз (2-1) од Вилјареал во Шпанија го заврши патот во четвртфиналето на Лигата на Европа. Аријан Адеми и Стефан Ристовски беа стартери, но и заменети во второто полувреме, а Адеми асистираше за единствениот гол за Динамо што го постигна Мислав Оршиќ во 75.минута. Претходно, Пако Алкасер, по долго прегледување на ВАР снимката за можен офсајд, го доведе Вилјареал во водство, а Жерар Морено зголеми на 2-0.
Вилјареал во полуфиналето ќе игра против Арсенал, кој ја декласира Славија Прага на гости со 0-4. Пепе, Лаказет и Сака во првиот дел ги урнаа сите надежи на Славија Прага, а конечниот епилог го постави повторно Лаказет во вториот дел.
Фудбалерите на Рома се извлекоа на „Олимпико“ против Ајакс играјќи 1-1 и поради триумфот (1-2) во Амстердам обезбедија пласман во полуфиналето каде ќе се сретнат со Манчестер Јунајтед. Брајан Броби во 49.минута донесе предност за Ајакс, но израмни Един Џеко во 72.минута.
Манчестер Јунајтед и на „Олд Трафорд“ ја совлада Гранада со 2-0. Единсон Кавани со волеј – удар ја затресе мрежата на шпанскиот тим во шестата минута, а во финишот Хесус Ваљехо си постигна автогол во 90.минута.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal