Македонските репрезентативци Аријан Адеми и Стефан Ристовски со Динамо Загреб имаат тешка мисија, да го победат Вилјареал на гости и да ја анулираат негативата од првиот меч (0-1) на „Максимир“. Целта е голема – пласман во полуфиналето на Лигата на Европа.
„Одиме храбро, со ладни глави и немаме веќе што да загубиме. Нашиот мотив е победата со која би се пласирале во полуфиналето. Имаме квалитет и верба во себе за да оствариме такво нешто“, најави Стефан Ристовски за хрватските медиуми пред заминувањето за Шпанија.
Арсенал прими гол во судиското продолжение и само ремизираше 1-1 против Славија Прага на „Емирати“. Сега тимот на Микел Артета треба да возврати на гости и сака да ја освои Прага за да ги задржи надежите за освојување на трофејот. „Топчиите“ преку ова натпреварување ја гледаат шансата и за пласман во Лигата на шампионите следната сезона, затоа што во Премиер – лигата речиси и да немаат шанси за такво нешто.
Манчестер Јунајтед има огромна предност (2-0) против Гранада од првиот меч и треба рутински да ја одработи задачата и на „Олд Трафорд“. Оле Гунар Солскјер најави дека сепак ќе изведе на теренот конкурентен состав.
На „Олимпико“ во Рим, италијанскиот калчолигаш Рома ќе ја брани предноста од 2-1 против Ајакс што ја обезбеди на првиот меч во Амстердам.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Интернационалци
Дориев стрелец и асистент во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)













