Connect with us

Лаутаро погоди и изнуди пенал: Интер води 2-0 на полувреме против Барса на „Меаца“ (ВИДЕО)

Интер има водство од 2-0 по првото полувреме на „Џузепе Меаца“ во реванш натпреварот од полуфиналето во Лигата на шампионите. По оние 3-3 во Шпанија, сега италијанскиот тим има вкупна предност од 5-3 и е блиску до пласман во финалето.

Барселона стартуваше фуриозно, но Интер имаше среќа и не прими гол во воведните десетина минути. А потоа Италијанците зададоа удар.

Лаутаро Мартинез во 21.минута донесе предност за Интер откако излезе сам пред Шчешни, по проигрувањето од Дензел Думфрис.

Во последните мигови од првиот дел, Кубарси стартуваше над Лаутаро Мартинез, а по реакција од ВАР собата, судијата Симон Марчињак покажа на белата точка. Успешен реализатор беше Хакан Чалханоглу.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови