Се укажува на тоа дека Роналд Куман ќе ја напушти Барселона, без разлика дали тоа ќе се случи ова лето или следното. Сепак, како што велат Шпанците, претседателот на клубот Хоан Лапорта има големи планови за неговиот наследник.
Новоизбраниот претседател ќе даде се од себе за да го врати Пеп Гвардиола на “Камп Ноу”, тврди шпанскиот “АС”. Гвардиола во моментов се подготвува за историското финале на Манчестер Сити во Лигата на шампионите против Челси.
Лапорта планира да го контактира тренерот на Сити во недела за да му предложи да се врати кај каталонците, воздржувајќи се да го стори тоа претходно заради почит кон него и англискиот клуб пред најважниот натпревар во нивната заедничка историја. Се тврди дека целта е Пеп да се согласи да го презеде тимот од лето 2022 година.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal