Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, имаше многу тешка вечер поради новиот погрешен чекор на тимот предводен од Чави. Актуелниот шампион на Ла Лига на домашен терен ремизираше 3-3 со Гранада, која е во зоната за испаѓање.
„Ел Чирингито“ пренесува дека за време на натпреварот, незадоволните навивачи во близина на ложата гласно го изразиле своето незадоволство од раководните лица на клубот. Некои од нив дури се обиделе да се доближат до Лапорта, поради што беше неопходно да се засили обезбедувањето.
„Радио Каталуња“ тврди дека додека бил во ВИП ложата на „Монжуик“, во излив на гнев, Лапорта ги фрлал послужавниците со колачи.
По натпреварот Лапорта и Рафа Јусте влегле во соблекувалната на тимот за да го изразат своето разочарување.
Лапорта на крајот бил забележан како го напушта стадионот околу час и половина по завршувањето на натпреварот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













