
Европската фудбалска организација (УЕФА) не сакала да дозволи менување на Статутот на Фудбалската федерација на Македонија, на што инсистира Агенцијата за млади и спорт за усогласување со Законот за спорт во Македонија, пред одржувањето на денешното Изворно генерално собрание. Тоа го потврди претставникот на УЕФА, Зоран Лаковиќ.
„Би сакал да ви честитам за се што направивте, посебно во оваа измината година кога светот се бори и со пандемија. Упатувам поздрави од првите луѓе на УЕФА и морам да истакнам веднаш дека не сакавме да дозволиме менување на Статутот на ФФМ во пресрет на одржувањето на Изборното генерално собрание. Сите знаеме до што води таков начин на работа. Но, ги мотивираме сите надлежни во државата, заедно со раководството на ФФМ, да ги усогласат сите потребни работи за усогласување на Статутот. Што се однесува до УЕФА, тука нема никакви недостатоци на Статутот на нашата членка“, изјави Зоран Лаковиќ, претставникот на УЕФА.
На Изборното генерално собрание на ФФМ се присутни 52 делегати.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
АЕК Ларнака го шокираше Кристал Палас
