Тренерот на Ајакс, Ерик Тен Хаг, за кој се вели дека е избор број 1 на раководството на Манчестер Јунајтед, доби нова понуда, овојпат Бундес-лигата. Според холандскиот „Де Телеграф“, предлогот е од германскиот бундеслигаш Лајпциг.
Раководството на „црвените бикови“ во 52-годишниот Холанѓанец гледа совршена личност која може да го менаџира проектот долги години и да го направи тимот вистински конкурент на Баерн Минхен за првото место во Бундес – лигата. Германскиот клуб изрази подготвеност да го плати обештетувањето кое го бара Ајакс за раскинувањето на договорот со Тен Хаг. Тоа изнесува 4 милиони евра.
Ерик тен Хаг е главен кандидат и за преземање на клупата на англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед. Сепак, тој постави неколку услови за раководството на „ѓаволите“ доколку сметаат да го ангажираат. Првиот и категоричен услов е самиот да решава кои фудбалери од актуелниот состав ќе останат, а кои ќе мораат да заминат од „Олд Трафорд“. Тука има и имиња на кои нема да им се допадне ставот на Тен Хаг.
Доколку Тен Ха ја прифати понудата на Лајпциг, тогаш повторно фаворит за менаџерската функција на „Олд Трафорд“ ќе биде Маурисио Покетино, сегашниот тренер на Пари Сен Жермен.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Левандовски на зима ја напушта Барселона?
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија
Евро-фудбал
Жоао Кансело сака да се врати во Европа
Евро-фудбал
Фулам размислува за смена на Марко Силва
Евро-фудбал
Спартак Москва се раздели со Дејан Станковиќ
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго













