Connect with us

Лајпциг го претстави Оле Вернер за нов тренер

Лајпциг го официјализираше ангажманот на Оле Вернер како нов шеф на стручниот штаб. Германскиот стратег, кој има само 37 години, пристигнува од Вердер Бремен и потпиша договор до 2027 година.

По разделбата со Марко Розе во март, тимот беше воден од Жолт Лев до крајот на сезоната, но сега „биковите“ конечно добија трајно решение на клупата.

Еден од приоритетите на Вернер ќе биде да ја одреди и иднината на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас. Фудбалерот беше на позајмица во Торино, но останува под договор со Лајпциг и ќе мора да почека зелено светло од новиот тренер и раководството за да се знае дали останува, оди на нова позајмица или целосно го напушта клубот.

„Оле е млад, амбициозен и перспективен тренер кој ќе го направи следниот голем чекор токму со нас“, изјави спортскиот директор на Лајпциг, Марсел Шефер.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови