
Фудбалерите на Лабуништа ги заокружија пријателските натпревари за време на зимскиот подготвителен период без ниту еден пораз. И на последниот тест дуел против Кораб во Дебар одигран без голови тимот на Лабуништа покажа дека е подготвен за пролетниот предизвик и битката за првото место во Втората лига – Запад.
„Во договор со стручниот штаб на Кораб одигравме натпревар без тензии за да избегнеме непотребни повреди. Натпреварот немаше фудбалски квалитет за што придонесе и многу лошиот терен. Следниот викенд ни почнува првенството во кое не очекува дербито со ФК Струга Трим Лум. По многу тежок подготвителен период ни останува работна недела за да се освежиме и што подобро подготвките за стартот на пролетниот дел. Веруваме дека ќе стартуваме како што завршивме лани и ќе го продолжиме континуитетот и ритамот на непобедливост. Атмосферата во тимот е на високо ниво што е еден голем наш сојузник“ – вели тренерот на Лабуништа, Џигероски.
Натпреварот од првото пролетно коло во Втората лига – Запад, Лабуништа против лидерот Струга ТЛ го игра на 9. март.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Тудор е пред отказ во Јувентус?

Евро-фудбал
Алмада донесе триумф за Атлетико Мадрид (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Интер со голот на Бони го освои Рим (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Тросар го чува врвот за Арсенал (ВИДЕО)

Интернационалци
Хаџиевски со Спартак Варна го сопре Лудогорец

Евро-фудбал
Пикси: Ми беше чест да бидам селектор на Србија

Интернационалци
Хаџиевски со Спартак Варна го сопре Лудогорец
