Три македонски прволигаши денеска (15 часот) треба да ги одработат обврските во Купот на Македонија. Актуелниот првак Шкендија гостува во Штип и ќе ги одмери силите со Кит Го, Шкупи патува на гости во Велешта, а Борец ќе има дуел против Њу Старс. Со овие три дуели треба да биде комплетирано 1/16 – финалето од најмасовното натпреварување.
Шкендија лесно го победи Скопје во последното првенствено коло, па избраниците на тренерот Бруно Акраповиќ се надеваат дека ќе го продолжат победничкиот чекор и против второлигашот Кит Го. Сепак, нема сомнение дека амбициозниот второлигаш може да и пружи солиден отпор на Шкендија.
Шкупи оди на мегдан на Велешта, која е мотивирана по триумфот над Вардар во Втората лига Запад. Капитенот Фатих Исмаили најави максимално сериозен приод на тимот од Чаир на овој дуел.
„Максимално сме фокусирани на куп-натпреварот против Велешта. Ова се посебни натпревари каде немате право на грешка, затоа што се се решава во 90.минути. Затоа мораме да бидеме стопроцентно концентрирани“, изјави Фатих Исмаили.
Борец е фаворит во пресметката против нисколигашот Њу Старс.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Немања Гудељ на зима се сели во Серија А?
Евро-фудбал
Арсенал сака да го купи Кенан Јилдиз
Евро-фудбал
Баерн и Сити во трка за дефанзивец на Феенорд













