
Фаворитите за трофеите во македонскиот фудбал, Шкендија и Шкупи, остварија победи во Купот на Македонија и се пласираа во осминафиналето од најмасовното натпреварување. Шкендија со 0-2 го совлада Кит Го во Штип. Стрелец на водечкиот гол беше Аденис Шала во 23.минута. Тој добро се снајде во петерецот и со удар со глава ја смести топката во мрежата. Во судиското продолжение, Љупчо Дориев го постави конечниот резултат со удар од десетина метри.
Шкупи со 0-1 славеше на гости против Велешта. Напаѓачот Марко Ѓорѓиевски беше стрелец на победничкиот гол во последните мигови од првото полувреме.
Борец го совлада тимот на Њу Старс со 1-4 и убедливо се пласира во следната рунда.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski