Крсте Велкоски, спортскиот директор на Сараево, не застанува со ангажман на македонски фудбалери. После Стефан Ристовски и Агон Елези, уште еден поранешен македонски репрезентативец е на прагот да потпише за Сараево. Тоа е искусниот напаѓач Илија Несторовски.
Според информациите од БиХ, Сараево е блиску до потпишување договор со искусниот Несторовски (35), кој е член на хрватскиот клуб Славен Белупо. Тој претходно се истакна во италијанскиот фудбал, настапувајќи за Палермо, Удинезе и за Асколи.
Несторовски е на прагот на раскинување на соработката со тимот од Копривница, а веднаш потоа ќе потпише за Сараево.
За репрезентацијата на Македонија има одиграно 51 натпревар и постигнато 10 голови од своето деби во 2015 година.
Покрај италијанските клубови, Несторовски остави одличен впечаток и во Хрватска играјќи за Интер Запрешиќ, од каде во 2016 година прејде во Палермо за 500.000 евра. Во розевиот дрес на Палермо постигна 39 голови и 10 асистенции во 99 натпревари и тоа е веројатно најдобриот период од неговата досегашна кариера.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Јирген Клинсман ќе биде нов селектор на Чешка?













