Германскиот интернационалец Тони Крос верува дека Реал Мадрид е оштетен во трката за титулата. Тој се наврати на одлуката на судијата Мартинез Мунуера на мечот против Севилја. Судијата досуди пенал за Реал Мадрид, а потоа ја поништи таа одлука бидејќи претходно Едер Милитао играше со рака во сопствениот шеснаесетник. На крајот, Севилја доби пенал, Ракитиќ го реализираше, а Реал Мадрид стигна само до реми (2-2).
Доколку Реал го добиеше тој натпревар, сега ќе имаше идентичен број бодови како Атлетико Мадрид, но поради подобриот меѓусебен сооднос ќе беше на првото место.
„Јас ретко протестирам кон судиите, но тогаш не се согласував со нивните одлуки. Имав чувство дека сме оштетени. Зизу не се жали речиси никогаш на одлуките на судиите, а фактот дека му пријде на крајот од мечот е дозволен доказ дека и тој смета дека сме оштетени. Мислам дека тоа беше грешка што имаше сериозно влијание во борбата за титулата и бесен сум поради тоа“, изјави Тони Крос.
Реал Мадрид ќе се надева дека Атлетико Мадрид нема да победи во последното коло против Валјадолид. Ако Атлетико се „сопне“, а Реал го победи Вилјареал, шампиони ќе бидат „кралевите“.
Тони Крос нема да може да му помогне на тимот во последното коло од Ла Лига бидејќи е заразен со коронавирус.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Даниеле де Роси ќе биде нов тренер на Џенова













