
Работнички успешно го стартуваше пролетниот дел од првенството со триумф (0-1) на гости против Академија Пандев во воведниот меч од продолжението на сезоната. Стрелец на победничкиот гол беше Кристијан Стојкоски во 79.минута, откако го искористи киксот на домашниот голман Марко Јовановски. Тој слабо дегажираше, топката дојде на триесетина метри до Стојкоски, а крилниот играч на „романтичарите“ веднаш ја испрати во небранетиот дел од мрежата.
Само и на ваков начин можеше да се постигне погодок на снежниот и замрзнат терен на комплексот на Академија Пандев. Најважно е што немаше ниту една посериозна повреда, а бодовите патуваат за Скопје со автобусот на Работнички.
Александар Влахо успеа да го надмудри Александар Васоски кој со пораз дебитира на клупата на Академија Пандев.
Двете екипи прикажаа борбена игра, максимално залагање, а посреќни и поснаодливи на крајот беа фудбалерите на Работнички. Меч винер – Кристијан Стојкоски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика

Млади репрезентации
Македонија У17 поразена од Кипар
